Македонија

УЈП: Работодавците ќе враќаат до 50 отсто од субвенциите за придонеси за април, мај и јуни

26 Feb 2021

Управата за јавни приходи(УЈП) ги повика сите кои земале субвенции за придонеси за април, мај и јуни да поднесат барање за пресметка на сумата што ќе треба да ја вратат.

Работодавачите кои го искористиле правото на субвенционирање за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, должни се примените финансиски средства да ги вратат во Буџетот на Република Македонија, но најмногу до износот од 50 проценти од остварениот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за износот на оданочените расходи и помалку искажани приходи од Даночниот биланс за обврзниците на данок на добивка, соопштија од УЈП.

Оттаму појаснуваат дека обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, ќе враќаат најмногу до 50 отсто од остварениот финансиски резултат од Билансот на успех (добивка пред оданочување) за 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...