Денес трговскиот синџир „Тинекс“ отвори нов, модерен супермаркет во Струмица, во рамките на малопродажниот парк „One Stop Shop“, на улицата Климент Охридски, бр. 51.
Новиот „Тинекс“ е на вкупна површина од 980 квадратни метри и е опремен со повеќе различни содржини – модерен оддел за овошје и зеленчук, месарница со свежо месо и сувомесни производи, оддел за млечни деликатеси, пекарница, винотека со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.
Жителите на Струмица и околниот регион ќе имаат уште еден нов, модерен и добро снабден маркет, каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, по достапни цени. Отворањето на овој супермаркет обезбеди 25 нови работни места, со што „Тинекс“ придонесува и за намалување на невработеноста, во услови на глобална пандемија, соопштуваат од трговската компанија.
Освен новиот супермаркетот во Струмица, годинава беа отворени два нови „Супер Тинекс“ во Скопје (Тафталиџе и Аеродром) и еден супермаркет во Прилеп. Дополнително, беше отворен и еден „Деликатесен Тинекс“, а беа целосно реновирани и два маркета во скопската населбата Хром и во Охрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.