FMCG Македонија 2023

9 FMCG Summit Skopje: Дознајте ги алатките за ефективна продажба

27 сеп 2023

Генералниот директор на „БМ груп Македонија“ Дејан Сипковски, чиј ангажман е поврзан со тимска работа, организација, стратегија и подобрување на продуктивноста и/или профитот на организациите, ќе биде говорник на 9 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Дејан Сипковски на самитот ќе зборува на тема „Трендови и алатки за ефективна продажба“, односно за планирањето и анализата во продажбата, ефективните рути, колку е значајно да се има правилно поставено портфолио и да се работи со вистинскиот тим. Во текот на неговата исклучително богата професионална кариера тој бил на бројни позиции кои генерално се однесуваат на продажба, маркетинг, трејд-маркетинг, менаџирање на тимовите и менаџирање на цели компании.

Седумнаесет години од професионалната кариера Сипковски поминува во „Пивара Скопје“, каде што работи на повеќе позиции – од индивидуален/реонски комерцијалист до национален КА-менаџер. Дел од неговите заслуги на последната позиција во „Пивара Скопје“ е учеството во отворање и развој на секторот и тимот за менаџирање на каналот НКА/ЛКА. Во 2011 година му се придружува на тимот на „Молсон корс“, создаден за развој на компанијата во таргетирани региони во Европа преку директна продажба и лиценцирано производство. Активно учествува и како консултант во процесот на аквизиција на „Стар бев“, особено за пазарите на Србија („Апатинска пивара“) и Бугарија („Каменица“).

Во неговото професионално потфолио се вклучени и позициите менаџер за продажба во „Лакталис груп“ (од 2014 до 2016 година); комерцијален директор на „Сара фешн“  (од 2016 до 2020 година) и менаџер за продажба и маркетинг во „Суташ“ (од 2020 до 2022 година).

Повеќе од 30 години билјардот и снукерот се хоби на Сипковски. Во периодот на активно играње тој е најуспешниот и најтрофеен билјард-играч во Македонија, со освоени над 200 трофеи за први места во земјата и во регионот. Од 2022 година е претседател на Билјард-федерацијата на РС Македонија, а е активен и во бордот на Балканската билјард-асоцијација.

Резервирајте го 26 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...