Дури 41 отсто од работниците во Србија по укинувањето на вонредната состојба повремено одат на работа, додека петина од нив работат исклучиво од дома.
Тоа значи дека поради пандемијата во повеќе од 60 отсто од компаниите во Србија е воведена работа од дома како привремена или постојана мерка, покажува најновата анкета на порталот за вработување „Инфостуд“.
Анкетата е направена на репрезентативен примерок од 2.285 испитаници и 450 компании. Истата покажа и дека 38 отсто работници секојдневно одат на работа, а тоа се работници кои поради природата на својата работа не можат да ги завршат работните обврски од дома.
Истражувањето, исто така, покажа и дека во повеќе од третина компании работата од дома останува опција барем за дел од вработените и тогаш кога епидемиолошката ситуација целосно ќе се смири. Раководителите во индустриите како што се финансии и осигурување(71 отсто), ИТ сектор (69 отсто), контакт и бизнис центри(75 отсто) и секторот стоки за широка потрошувачка(75 отсто) истакнале дека и по завршувањето на кризата ќе практикуваат флексибилни услови за своите вработени за работа од дома.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.