Одржани

Успешно се одржа обуката со Дарко Лукиќ организирана од „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore

12 Jun 2024

Во организација на  „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore на 11 јуни во „Паблик рум“ повторно успешно се одржа еднодневна обука на тема  „Управување со клучни купувачи и преговарање“ која  ја водеше Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

      

Преку практични примери учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со процесите, тактиките, стиловите и стратегиите на преговарање со клучните купувачи.

Лукиќ кој  својата 20.годишна кариера успешно ја развивал на лидерските и менаџерските позиции во  мултинационални компании, како што се ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB  ги запозна учесниците со потребните квалитети на современите КА менаџери, како и со клучните КА стратегии и тактики.

       

За време на обуката постојано имаше дискусии и интеракција меѓу учесниците,  Дарко Лукиќ споделуваше примери од своето долгогодишно искуство и на присутните им даваше  можност преку практични примери да дадат свои решенија  за одредени предизвици со кои се соочува FMCG секторот.

На обуката, која беше организирана на барање на бизнис заедницата, учествуваа компаниите „Пакомак“, „Перутнина Птуј“, „Вива Фреш“, „Филип Морис“, „Метро,“ „Кола’, „Тотал Плус“ и индивидуални професионалци за продажба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...