Нови

Обука: Мотивација на тимови што носат резултати со Ениса Селмановиќ – Салкиќ

25 Apr 2024

Успешниот бизнис зависи од мотивацијата, пристапот и самомотивацијата на Вашите вработени. За да ги  добиете одговори на дилемите со кои се соочува секоја компанија, InStorе на 29 мај ќе одржи еднодневна обука со Ениса Селмановиќ – Салкиќ, експерт за човечки ресурси, лидерство, личен, тимски и организациски развој на тема „Мотивација на тимови што носат резултати“.

Преку предавања, фацилитација и многу интерактивни вежби со конкретни примери ќе се одговори на прашањата:

ШТО

Освестување и демистификација на мотивацијата, самомотивација и дисциплиниран пристап преку навики, рутини и преземање одговорност.

ЗОШТО

Зошто ни е потребна мотивација, зошто дисциплина, зошто лидерите имаат одговорност да го мотивираат тимот.

КАКО

  • како да се мотивирам;
  • како да го мотивирам тимот;
  • како да користам дисциплина и да не ја поврзувам со нешто негативно;
  • како да откријам што го мотивира мојот тим;
  • што кога ќе падне мотивацијата на тимот?
  • индивидуален и тимски пристап кон мотивација преку конкретни чекори и алатки кои можат веднаш да се применат.

ПРИЈАВИ СЕ

 

АГЕНДА

[I блок] Запознавање

[II блок] Мотивација – мит или легенда?

Во овој блок ќе ја демистифицираме мотивацијата и демотивацијата, ќе научиме што е краткорочно, а што долгорочно. Зошто истиот пристап не одговара на сите и што решаваме поединечно, а што на тимско ниво. Променливост на мотивацијата и надворешни влијание врз неа. Начин на работа: предавање, интеракција, вежби.

[III блок] Дисциплина

Во овој блок ќе ја откриеме дисциплината како соработник за одржување на мотивацијата на индивидуално и тимско ниво. Што за мене значи дисциплина, а што значи за мојот тим? Истиот дисциплиниран режим не одговара на сите - некој е утрински човек и станува дисциплиниран во 5h, додека некој не, но може да развие свои навики и рутини. Начин на работа: предавање, интеракција, вежби.

[IV блок] Како да се примени сето ова во пракса

  • Како да се мотивирам и да ја одржам мотивацијата;
  • Како да се постигне и одржи тимската мотивација;
  • Како и кога да се применат алатки за краткорочна мотивација (бустери) и како да се постигне долгорочна мотивација преку градење на систем;
  • Feedback како алатка за зајакнување на мотивацијата;
  • Како да знам што ме мотивира мене, a што го мотивира мојот тим;
  • Како да ги балансирам мотивацијата и дисциплината?
  • Како дисциплината да не биде строгост и да предизвикува негативна реакција;
  • Алатки за управување со времето како сојузници за постигнување дисциплина, мотивација и резултати.

Ќе научиме како да поставуваме рутини и да развиваме навики кои се најдобри на индивидуално и тимско ниво, а ќе доведат до постигнување на целите - од живот до бизнис. Начин на работа: предавање, интеракција, вежби.

 [V блок]  Заклучоци 

 

Ениса Селмановиќ – Салкиќ е експерт за човечки ресурси, лидерство, личен, тимски и организациски развој. Своето знаење го стекнала во пракса и на образовните институции: Правниот факултет на Универзитетот во Сараево, Chartered Institute of Personnel and Development, Harvard Business School, Harrison Assessment Certified Coach and Employee Development.

Со своето искуство, повеќе од 18 години, им помага на компаниите да се реорганизираат, организираат процеси и да се развиваат во насока на зголемена ефикасност и профитабилност. Развива тимови и поединци, помагајќи им да ги откријат и искористат своите силни страни, како да бидат исполнети и мотивирани. Преку работа на проекти и насочена едукација развива лидери кои ги добиваат сите потребни знаења и вештини за остварување на целите на компанијата.

Посветена на луѓето, ориентирана кон решенија, практична и насочена на создавање промени и нови вредности. Верува дека дека клучот е во едноставноста - во работата, во пристапот и во однесувањето. Говорник на голем број професионални конференции. Основач е на агенцијата за HR и бизнис консалтинг „Consultor “ од Сараево. Автор е на првата книга во БиХ за лидерството „Сè што треба да знаете за водечките победнички тимови (и како)“. Колумнист е во професионални и лајфстајл списанија и портали.

 

                                                       

КОТИЗАЦИИ

 1 лице - 199 евра за 1 учесник

 2 лица од компанија - 189 евра по лице

 3 лица од компанија - 179 евра по лице

 4 и повеќе лица од компанија - 169 евра по лице

 (ДДВ не е вклучен во цената).

  

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

 meri@instore.mk; edukacija@instore.mk

 Мери Каталиниќ, 071 262 441

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...