Нови

Еднодневна oбука со Дарко Лукиќ - Управување со клучни купувачи и преговарање

05 Mar 2024

Предавач: Дарко Лукиќ, директор на AMMC d.o.o.

На 11 април во организација на агенцијата „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore ќе се одржи еднодневна обука „Управување со клучни купувачи и преговарање“ која ќе ја води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

Цели на обуката:
 
Запознајте ги целите, предностите и причините за неопходност од имплементација на управување со клучни купувачи
Совладајте го стратегиското управување со клучните купувачи
Усовршете ја сегментацијата на купувачите
Запознајте се со клучните КА стратегии и тактики
Запознајте ги потребните квалитети на современ КА менаџер
Преговори со клучни купувачи: процес, планирање,стратегии, тактики и стилови на преговарање
Научете како успешно да менаџирате со приговорите
 

Обуката е наменета за:

  • Професионалци за продажба
  • KA менаџери
  • Продажни менаџери

ПРИЈАВИ СЕ!

АГЕНДА

09:00 – 10:30

УПРАВУВАЊЕ СО КЛУЧНИ КУПУВАЧИ

  • Цели и задачи на управување со клучните купувачи;
  • Процес на стратегиско управување со клучните купувачи;
  • “Customer Centric” продажна организација;
  • Категоризација и сегментација на клучните купувачи;
  • Стратегии за развивање на односи со клучни купувачи.

10:30 – 10:45 Кафе пауза

10:45 – 12:15

ПРЕГОВАРАЊЕ СО КЛУЧНИ КУПУВАЧИ

  • БАТНА концепт;
  • Преговарање: позиционирање vs. интерес;
  • Стратегии и тактики за преговарање со клучните купувачи;
  • “Handling objections” - каталог на аргументи за менаџерите од категориите на клучните купувачи;
  • Како да преговарате со клиент со кој мора да склучите договор?

12:15 – 13:00 Пауза за ручек

13:00 – 14:30

ПРАКТИЧНА ВЕЖБА 1 - УПРАВУВАЊЕ СО “CM” ПРИГОВОРИ

  • Брифинг за вежба;
  • Практична работа во групи;
  • Дискусија и заклучоци.

ПРАКТИЧНА ВЕЖБА 2 – “КА МЕНАЏМЕНТ TOOLBOX”

  • Брифинг за вежба;
  • Практична работа во групи;
  • Дискусија и заклучоци.

14:30 – 14:45 Кафе пауза

14:45 – 16:15

МАЛОПРОДАЖНИ ТРЕНДОВИ И ТРЕНДОВИ ВО РАЗВОЈОТ НА КЛУЧНИТЕ КУПУВАЧИ

  • Трендови во развојот на малопродажбата во регионот: однесување на потрошувачите во услови на криза, тренд на учество на промотивната продажба, тренд на учество на PL...;
  • Трендови во развојот на клучни купувачи во Европа и светот: Walmart, Cosco, Target, Lidl, Aldi, Amazon, JD.com, Alibaba...

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)

Во текот на неговата 20-годишна корпоративна кариера тој се унапредувал на менаџерски и лидерски позиции (бренд менаџер, сениор бренд менаџер, key account менаџер, регионален маркетинг директор, извршен директор) во мултинационалните компании ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB, каде постигнал значителни деловни резултати. Како дел од менаџментот на компанијата и тимот на Хенкел Австрија и Србија, каде што речиси 9 години ја извршувал функцијата регионален маркетинг директор, е добитник на повеќе признанија и награди на регионално и глобално ниво, за успешни деловни резултати.

Кариерата како консултант за менаџмент, маркетинг и продажба, истражувач во областа на потрошувачката невронаука и предавач ја започнал во 2016 година со основање на агенцијата AMMC d.o.o. (Agency for Management and Marketing Consulting) која ја предводи како извршен директор.

До денес има соработувано со бројни домашни, регионални и меѓународни компании и организации, како што се: EBRD, UNICEF, Atlantic Group, Orbico, Podravka, AWT, Alca, JGL, Fructal, Perutnina, DM Drogeriemarkt, Lidl, Delhaize, Heineken, Philip Morris, Molson Coors, Pepsico, Inter Snack, Berlin Chemie, Imperial Tobacco, Stihl, Lesafre, Pernod Ricard, Nelt Group, Naftna Industrija Srbije, Delta Holding, MK Group, ComTrade, Nectar, Don Don, Nomad Foods (Frikom), Alkaloid, Stobi, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres…

Член е на IAA (International Advertising Association) и AMA (American Marketing Association).

Маратонец и Ајронмен, со над 50 завршени полумаратони (21,1 км), 32 завршени маратони (42,2 км), 13 Ајронмен 70,3 триатлони (113 км) и 2 Ајронмен 140,6 триатлони (226 км).

 

КОТИЗАЦИИ

1 лице - 199 евра за 1 учесник

2 лица од компанија - 189 евра по лице

3 лица од компанија - 179 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија - 169 евра по лице

(ДДВ не е вклучен во цената).

Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

meri@instore.mkedukacija@instore.mk

Мери Каталиниќ071 262 441



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...