Германската прехранбена индустрија забележа пораст на продажбата од 9,8 отсто во првиот квартал од 2020 година, покажува извештајот на Федерацијата на германската индустрија за храна и пијалоци.
Порастот беше поттикнат од натпросечниот март, кога имаше панично купување и правење залихи поради пандемијата со коронавирусот. Во четвртиот квартал од 2019 година, германската прехранбена индустрија оствари вкупна продажба од 48,1 милијарди евра, што е за 4,1 отсто повеќе во споредба со годината претходно.
Во првиот квартал од 2020 година, обемот на продажба е зголемен за 6,7 отсто во однос на претходната година, додека пораст од 1,3 отсто е регистриран во четврото тримесечие од 2019 година.
Прометот од извоз имаше пораст од 3,4 отсто во првиот квартал од 2020 година, поттикнат од зголемените продажни цени во странство.
Но, и покрај порастот на продажбата, вкупното работење во прехранбената индустрија ќе успори до крајот на 2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.