Директните загуби на европските компании на рускиот пазар од почетокот на инвазијата во Украина кон крајот на февруари 2022 изнесуваат најмалку 100 милијарди евра, пишува британскиот дневен весник „Фајненшл тимес“ кој ги анализирал деловните извештаи на најголемите европски компании за последната година и половина.
Според весникот, 176 европски компании во посочениот период се соочиле со „обезвреднување на активите, трошоци поврзани со валутниот курс и други еднократни расходи предизвикани од продажбата, затворањето или намалувањето на рускиот сегмент од нивните деловни активности“. Истовремено се нагласува дека анализата не ги земала предвид индиректните макроекономски фактори, како што се зголемените трошоци за енергетските ресурси и другите производи како последица на војната во Украина и западните санкции воведени кон Русија поради тоа.
Покрај случаите како неодамнешното префрлање на уделот на странските компании во руската структира на производителот на млечни продукти „Данон“ и пиварницата „Балтика“ во привремена управа на руската Федерална агенција за управување со имот, експерите сугерираат дека европските компании „ги очекува уште една болка“. Истовремено Киевскиот економски колеџ истакнува дека половината од 1.900 фирми кои се во сопственост на европски компании и натаму работат во Русија.
Во написот на се нагласува дека нафтените и гасни компании претрпеле најголеми загуби. Сепак, овие корпорации не доживеале поголеми финансиски тешкотии поради глобалниот раст на цените на енергенсите минатата година, па всушност забележале рекорден севкупен профит од 95 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.