Свет

Италија се обидува да ги ограничи цените - маркетите со специјални налепници

31 Jul 2023

Италијанската влада се обидува да постигне договор со супермаркетите и производителите на храна за ограничување на цените на основните производи – и на прехранбените и на непрехранбените производи.

Италијанскиот министер за индустрија, Адолфо Урсо, преговара со главните играчи на пазарот и сака тие да „понудат низа секојдневни прехранбени и непрехранбени производи од октомври до декември“ оваа година, објави „Ројтерс“. Дистрибутерите на споменатите производи треба да ја известат италијанската влада за нивните планови да учествуваат во оваа иницијатива до 15 септември.

Според идеите на владата во Рим, продавниците што ќе учествуваат во споменатата кампања ќе бидат означени со специјални налепници на излозите, во боите на италијанското знаме – зелена, бела и црвена – со натпис „квартал против инфлација“. 

Годишната стапка на инфлација во Италија во јуни се забави на 6,7 отсто, исто како и растот на цените на храната – за 10,5 отсто, но сепак е на високо ниво, наведува „Ројтерс“. 

Рим не е единствениот кој е загрижен поради поскапувањето на основните прехранбени производи, а за слични мерки размислуваат и други земји, како Велика Британија или Франција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...