Свет

ТикТок покренува платформа за е-трговија

27 Jul 2023

ТикТок во почетокот на август во САД ќе покрене платформа за е - трговија за продажба на стоките произведени во Кина, објавија американските медиуми. 

Апликацијата за кратки видео - записи ќе настојува да го повтори успехот на кинеските платформи за купување „Шејн“ и „Тему“ и ќе биде одговорна за складирање и испорака на артиклите во име на производителите и трговците во Кина, пренесе „Ројтерс“.  

Овој потег доаѓа во момент кога ТикТок се соочува со засилен надзор од американските институции поради загриженост за безбедноста на податоците на корисниците. Компанијата се бори да ја спречи забраната во САД, откако беше претставен закон со кој на администрацијата на претседателот Бајден би се дало овластување да ги забрани апликациите кои потенцијално имаат ризици за безбедноста. 

Извор: Biznis.rs
Фото: Pixabay



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...