Поттикнат од двоцифрениот пораст на продажбата на приватните трговски марки во САД во 2022 година, сегментот постави нови нивоа за годишен обем, и од вредносен и од волуменски аспект.
Од месец во месец, продажбата на трговските марки постојано се зголемуваше. Минатата 2022 година почна со едноцифрен пораст на продажбата во јануари (6,3%), февруари (7,5%) и март (9,1%). Во мај процентот се искачи на две цифри (11,8%), а во последните четири месеци од годината тој во просек изнесуваше околу 13%.
За цела година продажбата на приватните марки се зголеми за 11,3%, речиси двојно повеќе од порастот на А-брендовите, чиј пораст изнесуваше 6,1%, покажуваат податоците на „ИРИ јунифај“.
Годишниот вредносен обем на трговските брендови се зголеми за 23,2 милијарди долари, поставувајќи нов рекорд од 228,6 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.