Свет

Кина очекува следната година да биде комплицирана за трговијата

24 авг 2021

Трговијата на Кина со светот во 2022 година може да се соочи со „покомплицирана ситуација“ во споредба со силното закрепнување годинава од последиците од пандемијата, предупредува кинескиот министер за трговија Ванг Вентао.

Ситуацијата ќе биде комплицирана веќе од втората половина на годинава, нагласи Ванг, при што објаснува дека следната година може да биде уште посложена со оглед на споредбата со силното закрепнување годинава и постепеното слабеење на позитивните фактори поврзани со пандемијата на ковид -19.

Кина во јули беше погодена од големи поплави, а нови жаришта на ковид-19 се регистрирани во неколку провинции. Премиерот Ли Кечијанг, исто така, предупредува на наглото зголемување на цените на суровините, што значително ги зголеми оперативните трошоци, што, пак, го отежнува работењето на микро, малите и средните претпријатија.

Нагласувајќи дека приоритет е вработувањето, премиерот Кечијанг најави помош преку даночни олеснувања и насоки до финансиските институции за „ефикасно“ користење на парите што се ослободуваат, со намалување на задолжителните резерви.

Поддршката за приватните компании е поддршка за вработувањето, рече кинескиот премиер.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...