Регион

„Атлантик група“ ја продаде „Бионатура“

10 јан 2020

Во согласност со корпоративната стратегија за излез од помалите и non-core бизниси, „Атлантик група“ ја продаде дистрибуцијата на шишиња како основна дејност на фабриката „Бионатура бидон вода“, задржувајќи го брендот Kala и вкупното работење поврзано со полнење вода.

Компанијата „Бионатура бидон вода“ ја купи Дарио Шимиќ, сопственик на хрватскиот бренд Aquaviva.

Процесот на дезинвестирање на non-core бизнисите почна пред две години со излезот на спортската и активна прехрана, продолжува со продажба на сегментот козметика и производи за лична хигиена, како и додатоци во исхраната.

Од „Атлантик група“ истакнуваат дека фокусот е на клучните генератори на пораст (храна и пијалаци и фармацевтско работење) и темел за трансформација за во иднина. Тоа вклучува и интернационализација на брендовите кои го докажаа меѓународниот потенцијал и развој на дистрибуцијата како важен лост за пораст на работењето, како и за нови спојувања и преземања.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...