Регион

Црна Гора: Трговците го зголемиле профитот на 31 милион евра

17 апр 2024

Според финансискиот извештај од Даночната управа, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора, минатата година оствариле вкупна нето добивка од 31,4 милиони евра, што е за 12 милиони евра повеќе откоку претходната година.

 Наголем трговски синџир и понатаму е „Воли“, кој во 2023 година остварил вкупен приход од 356,23 милиони евра и нето добивка од 15,6 милиони евра. Приходите на компанијата во однос на претходната година пораснале за 14 отсто, а добивката за 34 отсто.

 „Воли“ е најголемата приватна црногорска компанија според приходите, а на листата од пет најголеми компании се најдоа уште три трговски синџири: „Хард дисконт Лаковиќ“, кој е на третото место, „Идеа ЦГ“, на четвртото и „Домашна трговија“ на петтото место.

 „Хард дискотн Лаковиќ“ минатата година остварил приход од 266 милиони евра, што е пораст за 20 отство во споредба со претходната година, додека профиот на компаниајата пораснал за 77 отсто, или 9,9 милиони евра. Нето добивката на компанијата минатата година била за 4,3 милиони евра поголема во однос на 2022 година.

 „Идеа ЦГ“ која е на третото место според приходите и профитот, а која работи во рамките на регионалната групација „Фортенова“, минатата година остварила приход од 183,59 милиони евра, што е 25,9 отсто повеќе од претходната година.

 Минатата година пораст на приходите забележа и „Домашна трговија“ која управува со маркетите „Сити“ и „Конто“ и тоа за 22 отсто или 123 милиони евра, додека нето добивката изнесувала 2,2 милиони евра.

 „Франка маркети“ кои од крајот на минатата година се споија со компанијата „Идеа ЦГ“, во последната година од своето самостојно работење оствариле приходи од 72,4 милиони евра, односно 19,7 отсто помалку отколку претходната година, а нивниот профит изнесувал 1,7 милиони евра, што е за 20 отсто помалку отколку во 2022 година.

 

 

Извор: Investitor.me

Фото: „Воли“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...