Свет

Германија: Увозот на авокадо е зголемен за пет пати

17 апр 2024

Статистиката покажува дека авокадото во Германија со години е во тренд, но популарноста на тоа овошје има и негативна страна.

 Минатата година во Германија се увезени околу 157.800 тони авокадо, сопштија од Сојузниот завод за статистика, што за 10 години е пораст за повеќе од пет пати.

 Истото така, вредноста на увозот пораснала од 68,6 милиони евра во 2013 година, на речиси 484 милиони евра во 2023 година.

 Меѓутоа, негативната страна на ова овошје е во тоа што расте во топли подрачја и поминувајќи илјадници километри пред да се најде во супермаркетите, често може да заврши и во корпите за отпад на потрошувачите.

Авокадото минатата година најмногу било увезено од Перу, (49.200 тони), а потоа следуваат Колумбија (15.800 тони) и Чиле (14.500 тони), што значи дека половина од увезенот авокадо потекнува од јужноамериканските држави.

 Покрај тоа, еколошките активисти често укажуваат на последиците од одгледувањето на авокадото врз животната средина, како што е големата потрошивачка на вода и сечењето на шумите.

 

Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...