Европската комисија (ЕК) ја одобри намерата за концентрација со која хрватската „Фортенова група“ стекнува контрола над „Деловни системи Меркатор“ од Словенија.
За територијата на Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија пријавата е поднесена до надлежните локални регулатори за заштита на пазарната конкуренција и концентрацијата ја одобрија сите национални тела, освен Комисијата за конкуренција на Република Србија.
Радосни сме поради оваа одлука на Европската комисија, да го одобри преносот на „Меркатор“ од „Агрокор“ на „Фортенова група“. Веруваме дека наскоро ќе следи одобрување и од српската Комисија. Со тоа се отвора пат преносот на „Меркатор“ да се реализира до крајот на оваа година и од 2021 година малопродажбата на „Фортенова груп“ да настапи како заедничка, регионална групација, изјави Фабрис Перушко, главен извршен директор на „Фортенова груп“.
Силниот сопственик ќе му овозможи на „Меркатор“ натамошен раст и развој и ќе ги поддржи неговите стратешки проекти, вклучувајќи и инвестиција во нов логистички центар во Љубљана вреден 130 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.