Задарски „Кромарис“ во јули продаде рекордни 1.063 тони свежа риба, што на годишно ниво е пораст од 15 отсто, објави „Адрис група“, во чии рамки работи „Кромарис“.
За првите 7 месеци од годината, има раст на продажбата од еден отсто, а 84 отсто од целата продажба се извезува надвор од Хрватска.
Во исклучително тешки економски услови, „Кромарис“ остварува значителни позитивни резултати и е шеста компанија во светот по производство на квалитетна бела риба, соопштија од компанијата.
Рекорд имаше и месец претходно, во јуни, кога беше остварена продажба и пораст од 20 отсто во споредба со истиот месец 2019 година. Продажбата во јули го сруши рекордот од јуни.
Во последните неколку месеци, просечната месечна продажба е по околу 1.000 тони риба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.