Словенечката влада аплицираше за финансиска поддршка преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вредни вкупно 1,1 милијарда евра.
Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра и е наменет за зачувување работни места во компаниите и земјите членки на ЕУ преку поволни заеми.
Во барањето за финансирање од тој извор, Словенија изјави дека добиените средства ќе ги искористи за мерки за субвенционирање на чекање за работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработени во микро претпријатија и за слични случаи.
Инструментот SURE треба да започне да функционира откако сите членки на ЕУ ќе обезбедат гаранција за заеднички заем, а истиот треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се повтори уште подолго.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.