Регион

Врховен суд на Словенија: Акциите на „Меркатор“ да му се вратат на „Агрокор“

10 Aug 2020

Првичната одлука на Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Словенија заради осигурување на наплатата за прекршување казни изречена на крајот од декември минатата година го блокира преносот на „Меркатор“ на групацијата „Фортенова“.

Кон крајот на јули годинава, Врховниот суд на Словенија донесе одлука за враќање на акциите на „Агрокор“, без можност за жалба, така што ја смени одлуката на Агенцијата за заштита на конкуренцијата и ја прекина постапката што оваа агенција ја водеше против „Агрокор“. Со одлуката на „Агрокор“ му се овозможува непречено располагање со акциите.

Ја поздравуваме пресудата на Врховниот суд со која се покажува како клучните институции, штитејќи го законот, воедно ја унапредуваат инвестициската клима во Словенија. Очекуваме акциите да ни бидат ставени на располагање што поскоро, за преносот на „Меркатор“ на групацијата „Фортенова“ да се реализира до крајот на годинава, истакна Фабрис Перушко, главен извршен директор на „Фортенова“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...