(ВИДЕО) „Виолета“ од темел ја обновува чапљинска „Ласта“
06 Jul 2020
Фабриката за кекси и вафли „Ласта“-Чапљина почнува нова ера од својата работа со новиот сопственик, компанијата „Виолета“.
Фабриката добива ново руво. Во тек е целосна реконструкција на објектот. Намерата е повторното производство да почне во целосно модернизирани погони, според европски стандарди.
Претходното производство во „Ласта“ се темелело на плин, пропан бутан, но сега машините ќе работат на струја, а на покривот ќе бидат поставени соларни панели. Во проектот се водеше сметка, бидејќи ова е прехранбена индустрија, по завршувањето на градежните работи да можат да се воведат стандарди потребни за прехранбената индустрија, изјави Марија Толиќ, технолог во фабриката.
Видеото покажува како сега изгледа фабриката:
Се планира да се отворат околу 40 работни места на самиот почеток, а од идната година тој број ќе почне да се зголемува.
Новиот сопственик го задржа називот „Ласта“ како препознатлив бренд, како и некои од производите на поранешната фабрика. Првичниот план беше производството да почне до крајот на годинава, но пандемијата малку ги забави плановите. Очекувањата се дека „Ласта“ ќе почне да произведува во првите месеци на 2021 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.