Од денеска ќе биде прогласена вонредна состојба во Белград, потврди утрово градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ.
Владата на Србија денеска треба да усвои нови мерки за заштита од Ковид-19. Доколку тие не ги дадат посакуваните резултати, можно е повторно „затворање“ на Белград, јавија тамошните медиуми.
Дури 82,5 отсто од вкупниот број заразени во Србија, се од Белград. Во последните 24 часа, 70 отсто од новодијагностицираните се од главниот град.
Се воведуваат и три нови мерки – забрана на работата на ноќните клубови по 23 часот, евентуално казнување за неносење на маски и забрана на собири со повеќе од 100 лица во затворен простор.
Воведување на нови мерки во спречување на ширењето на коронавирусот во Белград ноќеска најави и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На две недели ќе бидат затворени ноќните клубови, сплавовите од 24 часот до шест наутро, како и кафулињата, освен оние кои имаат тераса, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави Вучиќ ноќеска и најави казни за неносење на маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз со висина од 5.000 до 6.000 динари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.