Синџирот дрогерии „Лили“, во соработка со платформата за брза достава Wolt, им обезбеди на купувачите онлајн-нарачки и бесконтактна испорака на целиот асортиман, кој вклучува производи за бебиња, средства за хигиена и нега на лице, тело и коса, како и производи за чистење.
Засега купувачите можат да нарачуваат од „Лили“ преку апликацијата Wolt на територијата на Белград. Доколку купувачот нарача пред 16 часот, производите ќе му бидат доставени истиот ден, од 17 до 19 часот. Нарачките направени по 16 часот ќе бидат достапни следниот ден.
Континуирано го приспособуваме работењето кон тековните околности, затоа што сакаме да придонесеме за чувството за безбедност, кое е клучно во оваа ситуација. Со соработката со платформата Wolt, ќе одговориме на потребите на купувачите, помагајќи им да се придржуваат кон мерките за социјално дистанцирање колку што е можно повеќе. Истовремено, ова е одговор и на современиот и брз начин на живот, изјави Звјездана Лончар, директорка на дрогериите „Лили“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.