Хрватската Агенција за заштита на пазарниот натпревар го одобри преземањето на „Краш“ од страна на месната индустрија „Браќа Пивац“.
Кон крајот на минатата година, „Браќа Пивац“ го помина прагот од 50 отсто откупени акции од „Краш“. Агенцијата потоа ја испита концентрацијата на пазарот во почетокот на март годинава, а вчера објави дека смета оти е прифатливо да се продолжи и да се заврши купувањето.
Двете странки вклучени во купопродажбата, „Браќа Пивац“ и „Краш“, не работат на исти пазари, соопштија од Агенцијата.
Производите од асортиманот на „Браќа Пивац“ не се продаваат на продажните места на „Краш“, додека на продажните места на „Пивац“ производите на „Краш“ се застапени со помалку од 1 отсто.
Според последните податоци, „Браќа Пивац“ поседува 50,96 отсто од акциите на „Краш“. Вториот најголем сопственик е „Каппа Стар“ на српскиот стопанственик Небојша Шарановиќ, кој поседува 29,75 отсто од акциите во „Краш“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.