Белград ќе добие Музеј на чоколада, кој ќе се отвори на 18 овој месец.
Музејот ќе биде посветен единствено на чоколадото, од периодот на неговото откривање во Јужна Америка до денес.
Ќе биде поделен на повеќе простории. Првата соба ќе биде декорирана како јужноамериканска џунгла со експонати од Маите и од Инките. Втората ќе биде уредена како Европа во 18-от век, кога чоколадото стигна на европскиот континент. Следната просторија, пак, ќе биде посветена на чоколадата на подрачјето на поранешна Југославија и Србија и периодот до денес.
Посетителите ќе можат да видат и автентични експонати кои основачите на музејот специјално ги нарачаа за да ја збогатат неговата содржина, а предвидени се и доста интерактивни содржини.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.