Регион

„Браќа Пивац“ презеде уште акции на „Краш“ и го надмина прагот од 50 отсто

21 Jan 2020

Месната индустрија „Браќа Пивац“ преку берзата во Загреб извести дека го помина прагот од 50 отсто акции во „Краш“ кои сега се во сопственост на „Браќа Пивац“. 

Прагот е надминат на крајот на минатата година, кога „Пивац“ со договор за купопродажба откупил уште 16.421 акции на „Краш“. По таа зделка, “Пивац“ има вкупно 755.189 акции или 50,39 отсто од гласачките права. 

Во соопштението не се наведува од кого и по која цена се откупени акциите. 

Втор најголем поединечен акционер во „Краш“ е фирмата “Каппа Стар Лимитед“, со седиште во КИпар, во сопственост на српскиот бизнисмен Небојша Шарановиќ, кој поседува 28,11 отсто акции на „Краш“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...