Регион

„Браќа Пивац“ плаќа дополнителни 431,20 куни за акција на „Краш“

05 Dec 2019

Месната индустрија „Браќа Пивац“ преку берзата во Загреб објави дека понудата за преземање на акции на „Краш“ ја прифатиле 34 акционери, кои продадоа 1.343 акции, а за што „Пивац“ ќе им исплати дополнителни 431,20 куни по акција. 

Имено, „Пивац“ во понудата за преземање на „Краш“ понуди цена од по 430 куна, но бидејќи по истекот на понудата купи акции од „Краш ЕСОП“ по цена повисока од наведената, должен е да ја исплати разликата во цени. 

Пред понудата за преземање, „Браќа Пивац“ имаше 30,73 отсто акции во „Краш“. Сега поседува 49,20 отсто од најпознатата кондиторска фабрика во Хрватска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...