Регион

CEO Summit во Белград на едно место собра 410 учесници од 154 компании

04 Dec 2019

Самитот на бизнис лидери, кој денес се одржува во Белград во организација на InStore, на едно место ги собра водечките бизнисмени од регионот и претставници на клучните меѓународни финансиски институции. 

На Самитот присуствуваат 410 учесници од 154 компании. Целта на настанот е вмрежување, поттик на регионалната соработка, проценка на деловната клима во регионот и размена на искуства. 

Говорници на самитот се: Мирослав Мишковиќ, претседател на „Делта Холдинг“, Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик Група“, Миодраг Костиќ, извршен директор на „МК Груп“, Миодраг Боројевиќ, Управен одбор на „Фортенова Груп“, Александар Марковиќ, генерален директор на „Металац Груп“, Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“, Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, Предраг Курчубиќ, Директор во „Ипсос Адриа Ист“, Владимир Вучковиќ, Фискален совет на Република Србија и Надим Илахи, регионален претставник на ММФ за централна, источна и југоисточна Европа. 

На Самитот присуствуваат директори, менаџери од реалниот и услужниот сектор, членови на управни и на надзорни одбори, стопанственици од сите гранки на стопанството, кои доаѓаат од Србија, Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

 


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...