Регион

Најдобрите светски креативци на фестивалот „Кактус 2019“ во Белград

12 Sep 2019

Најдобрите и најнаградувани светски креативци и комуникациски стручњаци од агенциите DAVID The Agency Мајами, Publicis Шпанија, McCann Лондон, Alkemy digital_enabler, Cheil Worldwide,  The Big Now Италија DDB Будимпшта, како и компаниите „Мастеркард“ и „Марс“, се само некои од предавачите на петтиот, јубилеен фестивал за интегрирани комуникации - „Кактус 2019“.

Фестивалот ќе се одржи на 29 и 30 октомври во „Мадленианум Опера&Театар“ во Белград, под мотото „Make room for a new BLOOM“. 

Првиот и вториот ден ќе бидат организирани неколку креативни дискусии на теми насловени како „Креатор на содржини наспроти инфлуенсер - што доаѓа прво?“, на која ќе учествуваат блогери и инфлуенсери од цел регион, потоа „Бизнис, брендови и агенции - Што е следно?“како и на теми поврзани со идеите, технологијата и стартапите.

Фестивалот ќе го отвори еден од најнаградуваните светски креативци Jean Zamprogno, креативен директор на агенцијата DAVID The Agency, Мајами. Меѓу главните предавачи се и Skaiste Sruogaite, директор за корпоративни работи за регионите Балтик, Балкан и Адриатик, „Марс“; Ioanna Mingou, директор на маркетинг за потрошувачи на „Мастеркард Европа“ и еден од најценетите глобални креативци, Eduardo Marques, главен креативен директор на Publicis Шпанија, кој ќе го затвори овогодинешниот фестивал. 

На учесниците ќе им се претстават и Emanuele Nenna, ко-основач и извршен директор на агенцијата The Big Now (Италија), Mihai Gongu, извршен креативен директор на SEE, Cheil Worldwide; Regan Warner, креативен директор на агенцијата McCann (Лондон); Giorgio Chiaramonte, сениор директор на компанијата Аlkemy digital_enabler (Италија); Karolina Galácz, креативен директор на агенцијата DDB Будимпешта и многу други. 

Новостите ќе бидат претставени на Ден на иновации и на Ден на таленти. Овие два дена, Маркетинг мрежата ќе организира програми за менторство и едукација за стартапи од Југоисточна Европа. Ќе се одржи и финале на натпреварот за стартапи од областа на маркетингот и финале на натпревар меѓу млади таленти од агенциите на возраст до 32 години, со хуманитарен карактер. 

Ќе бидат доделени и наградите Кактус 2019, во 23 категории, за организации, компании, институции и агенции со најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во 2018 година. За наградите одлучува стручно жири од 26 професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции, како и продукциски куќи од Србија и од регионот. Конкурсот е отворен до 20 септември. 

Повеќе информации за фестивалот „Кактус 2019“ можете да најдете на интернет страницата www.kaktus.rs

Златен спонзор на фестивалот е компанијата „Марс“, а го поддржаа и „Делта Холдинг“, „Златиборац“, „Јафа Црвенка“, „Меркатор“, „Донкафе“, „Нектар“ и други компании. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...