Регион

(ВИДЕО) „ПИК Врбовец“ лансираше нарезоци во стратосферата

31 Jul 2019

„ПИК Врбовец“ претстави редизајн на линија нарезоци и ги лансираше на полиците во продавниците во регионов, но и на самиот раб на стратосферата, односно на височина од 37.171 метри. 

Со овој потфат е остварен првиот комерцијален лет од Хрватска во стратосферата. Истовремено, соборен е и хрватскиот рекорд по највисока официјално забележана висина на летање. На пример, патничките авиони обично летаат на нешто повеќе од 10 километри височина, а воените - до 20 километри. 

Лансирањето е изведено така што на посебна подлога беа прицврстени редизајнираните ПИК нарезоци и камери, a сите заедно во стратосферата ги повлече балон со обем од два метри. Качувањето траеше еден час и 33 минути, најголемата постигната брзина беше 213 километри/час, а температурата во одредени моменти достигнуваше и до -60 целзиусови степени.

Од висина од 40 километри, подлогата со нарезоци се враќаше на Земјата 37 минути, со брзина од 650 километри/час. Целата мисија траеше два часа и 10 минути и беше направена во контролирани услови под надзор на експерти. 

Погледнете: 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...