Регион

Компанијата „дм Србија“ доби награда за проектот „дм инкубатор“

31 May 2019

Компанијата „дм дрогерие маркт“ - Србија е меѓу добитниците на Националната награда за општествено одговорно работење што ја доделува Стопанската комора на Србија. 

„дм Србија“ ја освои втората награда во категоријата големи компании за проектот „дм инкубатор“, кој придонесува за развој на домашното производство и за конкурентност на домашните производи на српскиот пазар. 

Инкубаторот беше покренат на 1 октомври минатата година. Од пријавените 704 производи, беа избрани 57 производи од 18 производители од сегментот на храна и на козметика кои добија шанса да се пласираат на полиците на повеќе од 90 дм дрогерии во Србија. Учесниците во овој проект добија комплетна поддршка во развој на своите производи како за технологијата, така и за развој на дизајнот на амбалажата. 

Првите победнички производи ќе бидат достапни за купувачите од 15 јуни.

Поддршката од компанијата ќе продолжи и во следната година. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...