Регион

„Фортенова група“ почнува со работа

01 Apr 2019

Почнува со работа „Фортенова група“, компанијата која го презеде работењето на хрватски „Агрокор“.

Од вкупно 159 компании кои делуваа во состав на „Агрокор“, 47 компании ќе добијат наставка „плус“, па така, на пример, „Конзум“ ќе продолжи со работа како „Конзум плус“, или „Јамница“ како „Јамница плус“. Уделите на останатите 30 компании ќе се пренесат на „Фортенова група“, по што тие компании ќе излезат од постапката на вонредната управа. 

Уделите на уште 82 компании, кои се надвор од Хрватска, како и тие кои не се во постапка на вонредната управа на „Фортенова група“, ќе се пренесат како и останатиот имот. Постапката ќе трае додека не заврши припојувањето на старите, неодржливи друштва на Агрокор.д.д. и додека тој како компанија не биде избришан од судскиот регистар. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...