Регион

„Еуроспин“ стигнува во Хрватска

20 Feb 2019

Италијанскиот дисконтен трговски синџир „Еуроспин“ доаѓа во Хрватска, пренесоа хрватските медиуми.

Според нив, иако од „Еуроспин’ уште официјално не потврдуваат дека почнуваат да работат на хрватскиот пазар, компанијата веќе има огласи за работници во Загреб и во Риека. Има и интернет - страница на хрватски јазик каде стои порака „стрпете се уште малку....стигнуваме“.  На страницата наведуваат и податок на италијанското здружение на потрошувачи, според кое просечно семејство во Италија може да заштеди 32.424 куни годишно ако купува во нивните продавници, а не во класичен супермаркет.

„Еуроспин“ со години работи во Италија и во Словенија. Станува збор за дисконтен синџир, што значи дека максимално може да има 800 артикли. За споредба, супермаркетите смеат да имаат до 6.000 артикли.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...