Од над 250 пријавени кандидати, избрани се 13 студенти од неколку факултети кои ќе добијат можност да ги усовршат своите знаења во рамките на програмата „Генерација 2018" на „Меркатор-С".
На настанот организиран од трговскиот синџир на стдентите им се обратија професори, како и генералниот директор на компанијата „Меркатор-С" кои ја истакнаа важноста за стекнување практично искуство во компаниите.
Соработката на академската заедница и стопанството е клуч за одржливост на економијата во Србија. Ние се одлучивме да им ги пренесеме вредностите на младите луѓе и од нив, за возврат, очекуваме да ни го дадат тоа што го имаат: страст, желба и волја да бидат успешни, изјави Ентони Сошиќ, генерален директор на „Меркатор-С".
Зоран Богетиќ, професор на Економскиот факултет во Белград истакна дека развојот на кариерата по школувањето е нешто што денес е привилегија.
Со оваа програма студентите ќе имаат можност да учат на систематичен начин почнувајќи од основата на најсофистицираните елементи во трговијата. Ова е сериозен деловен систем и добар старт за влез во некои повисоки, менаџерски позиции, истакна Богетиќ,
Се вчитува следна вест...