Млекарницата „Бохнец“ по напуштањето на пазарот во Вараждин и 91 година од основањето, престанува со работа и со откуп на млеко. Сопственичката Маријана Бохнец укажува на две клучни причини за затворањето на млекарницата: падот на примарното производство на млеко во Хрватска и ниските цени на увозните производи, особено сирењето.
Од млекарницата објаснуваат дека увозот на млечни производи постоел и пред влезот на Хрватска во Европската унија, но бил контролиран со квоти. По влезот во ЕУ, наведуваат, има неконтролиран увоз на вишок млечни производи од други европски земји.
Другите европски земји ги заштитија своите производители со тоа што ги надоместија со субвенции за разликата меѓу пазарните и реалните производни цени, со што обезбедија опстанок на примарното производство на млеко кое е од стратешко значење за секоја земја, пренесува Вараждински вести.
„Бохнец“ отсекогаш се потпирала исклучиво на домашните суровини, сметајќи дека само така може да се создаде квалитетен млечен производ, особено свежите млечни производи наменети за локалниот пазар.
Млекарницата „Антун Бохнец“ е основана во 1934 година во Храстовско, каде што произведува путер и сирење „Трапист“. Производите се продаваа во Лудбрег, Копривница и Вараждин. Од 1990 до 2000 година, млекарницата го зголемила производството од приближно 7.000 на дури 20.000 литри млеко дневно.
Во последните четири години млекарницата работи со годишен приход од околу еден милион евра, но во истиот период има и кумулативна загуба од речиси 800.000 евра.
Извор: Women in Adria
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.