Регион

Словенија: „Шпар“ во продавниците постави пунктови за одлагање на маслото за јадење

17 Feb 2025

„Шпар“ - Словенија има поставено пунктови за одлагање на масло за јадење во хипермаркет „Шпар“ – Јесенице, хипермаркет „Шпар“ Кладија, Кршко, хипермаркет „Шпар“ – Рогашка, Слатина, хипермаркет „Шпар“ Вир -Домжале, хипермаркет „Шпар“ Врхника и хипермаркет „Шпар“, Изола.

Имено, како што соопштија од компанијата, процесот на отстранување на отпадното масло за јадење е многу едноставен. Корисникот носи отпадно масло собрано дома во продавницата. Маслото потоа се истура во пунктовите, следејќи ги упатствата на електронскиот екран. По завршувањето на процесот, корисникот добива купон или кредит што може да се искористи во продавницата каде што го одложил маслото.

Собраното масло за јадење ќе се користи за производство на биодизел гориво. Во текот на 2025 година, компанијата планира да постави пунктови во уште повеќе продавници на „Шпар“ и „Интершпар“, за да им овозможи на што е можно повеќе купувачи да имаат пристап до оваа услуга.  

Во „Шпар“ - Словенија поттикнуваме кружна економија и одговорно управување со отпадот. Затоа им овозможивме на корисниците безбедно и лесно да го фрлаат отпадното масло за јадење во пунктовите кои моментално се инсталирани во шест продавници на „Шпар“. Нашиот план е да инсталираме нови пунктови во уште повеќе наши продавници оваа година, со цел дополнително да ги поттикнеме купувачите правилно да го фрлаат маслото и да им ја обезбедат оваа услуга на сите посетители на нашите продавници, изјави Маша Шпрајчар-Ранчиќ, менаџер за одржлив развој во „Шпар“ -  Словенија.

 Компанијата претходно покрена слична иницијатива во Унгарија, каде што постави контејнери за фрлање искористено масло за јадење и маснотии во 80 продавници низ земјата. Потрошувачите досега отстранија повеќе од 80 тони масло и маснотии како дел од оваа иницијатива.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“ - Словенија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...