По отворањето на два нови малопродажни центри во декември, „Певекс“ ја започна годината со купување недвижностите со придружната инфраструктура на „Брикостор“ во Сесветa и Каштел Сучурац, со што го зголеми бројот на малопродажни центри.
Францускиот „Брикостор“ претходно ја напушти Хрватска, затворајќи ги сите свои продажни центри.
Задоволни сме што успешно ги завршивме преговорите и купувањето на значаен и вреден недвижен имот за нас. Станува збор за недвижнини каде што се наоѓаат нашите продажни центри во Сесветa и Каштел Сучурац, односно продавници на кои нашите купувачи веќе се навикнати и каде што нѐ посетуваат секој ден. Денес, ние генерираме повеќе од половина од нашите приходи во нашиот сопствен простор. Нашата развојна експанзија продолжува оваа година. Во согласност со плановите и очекувањата, развојниот циклус ќе го засноваме на органски раст, но и на континуирана достапност до купувачите, изјави Крешимир Бубало, претседател на Управниот одбор на „Певекс“.
Компанијата моментално има 31 продажен центар со планови за понатамошно проширување, а по достигнувањето на 40 продажни места во Хрватска, компанијата планира да излезе и на странските пазари.
Извор: InStore.rs
Фото: „Певекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.