Регион

Србија: Отворен првиот „Универекспорт“ маркет во Врњачка Бања

08 Nov 2024

Компанијата „Универекспорт“ ги отвори вратите на својот прв продажен објект во Врњачка Бања, кој се наоѓа на адреса Кнез Милош, 16д.

По повод отворањето, компанијата за потрошувачите обезбеди 100 поклон пакети, 100 карти за возење со панорамско тркало, 100 торби, како и бесплатно купување за секој 50.купувач и дегустација на брендот Bačka за сите купувачи.

Објектот е со површина од 500 квадратни метри и на потрошувачите им нуди асортиман од над 5.000 производи.

Покрај одделите за овошје и зеленчук, замрзнати и млечни производи, во асортиманот се вклучени до домашни производи од сопственото производство на компанијата, месните деликатеси Bačka и свежо месо. Исто така, тука се и производите од сопственото производство, како што е маслото Organa, производите од Domaćinstva Vučurević, како и приватните трговски марки од компанијата, Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj.

Исто така, компанијата лансира посебна акција која ќе важи до 21 ноември и која ги опфаќа производите од различни категории, а за секое купување на деликатесите  Bačka во вредност од над 499 динари, потрошувачите до 13 ноември ќе можат да добијат садови Bačka.

Со отворањето на продажниот објект во Врњачка Бања, „Универекспорт“ вработи 18 лица.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Универекспорт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...