Со отворањето на новиот „Идеа“ маркет во Нови Сад, компанијата „Меркатор С“ ја прошири својата продажна мрежа со отворање на 344 продавници низ Србија.
Новиот маркет е лоциран на адреса Миша Димитријевиќ 53б, се протега на површина од над 200 квадратни метри и ова е 105 продажен објект на трговскиот синџир во Војводина.
По повод отворањето на маркетот компанијата подготви подароци за првите 50 купувачи со сметка над 1.000 динари, додека за секоја сметка поголема од 500 динари, на која има најмалку еден производ со ознаката „цена и квалитет“, компанијата обезбеди учество во активацијата Тркало на среќата.
Покрај тоа, секое 50 купување беше гратис, а потрошувачите во Нови Сад во саботата и неделата после отворањето добија попуст од 10% на целиот износ.
Извор/Фото: „Меркатор С“/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.