Шестиот по ред самит на економски лидери ќе се одржи на 3 декември во „Сава Центар“. Самитот претставува најзначаен бизнис настан на годината и единствена конференција на која сите сите говорници се нависоки раководители, сопственици и претседатели на управни одбори на најуспешните домашни, регионални и меѓународни фирми и услужниот сектор.
Конференцијата ја организира InStore Србија, а целта е да се собере бизнис елитата и претставниците на значајните меѓународни институции. CEO Summit е наменет за директорите на компаниите, членовите на управните одбори, претставниците на државните институции и топ менаџерите, како и на сите кои тежнеат за таа позиција.
CEO Summit – Белград ќе биде фокусиран на неколку клучни теми. Ќе се говори за влијанието на вештачката интелигенција (GenAl) на трансформацијата на традиционалните корпорации, за важноста на дигиталнта писменост и иновациите за конкурентност на Србија, како и за транцизијата на лидерството во големите компании. Исто така, ќе стане збор и за предизвиците на економијата во Србија, со посебен акцент на економскиот раст, фискалната стабилнот и засилувањето на конкуренцијата.
Говорници на гонешниот самит на економски лидери – CEO Summit Белград ќе бидат:
На крајот на конференцијата учесниците ќе имаат можност преку коктел сесија да поставуваат прашања на говорниците и да добијат конкретни одговори за совети на својот бизнис.
Пријави и дополнителни информации за самиот настан се достапни на https://www.ceo-summit.rs/
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.