Според прелиминарните податоци, вкупната надворешно-трговска размена на стоки на Црна Гора за првите осум месеци од 2024 година изнесува 3,09 милијарди евра, што e пораст од 3,1 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави „Монстат.“
Извозот на стоки во овој период изнесува 383,1 милиони евра и е за 19,4% помалку во однос на истиот период претходната година, додека увозот достигна вредност од 2,7 милијарди евра, што е за 7,4% повеќе во однос на претходната година.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 14,2% и е помала во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 18,9%.
Најмногу во структурата на извозот според стандардната меѓународна трговска класификација (СМТК) имаа минералните горива и мазива (сектор 3) во износ од 85,6 милиони евра. Во структурата на увозот според СМТК, најзастапени се Машини и транспортни уреди (сектор 7) во износ од 662,4 милиони евра.
Најголеми надворешно-трговски партнери во извозот беа: Србија (112,9 милиони евра), Босна и Херцеговина (25,8 милиони евра) и Словенија (21,9 милиони евра).
Најголеми надворешно-трговски партнери во увозот беа: Србија (464,8 милиони евра), Кина (312,0 милиони евра) и Германија (264,2 милиони евра).
Надворешната трговија со стоки беше најголема со потписниците на ЦЕФТА и со Европската Унија.
Извор: InStore.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.