Регион

БиХ: Се одржа годишната конференција за дистрибуција на „Нелт група“

16 Sep 2024

Во хотелот „Хилс“ во Сараево се одржата третата годишна конференција за дистрибуција на „Нелт група“.

Тема на оваа конференција беше ефикасната комуникација, а во текот на презентирањето и дискусиите стана збор за унапредување на транспарентните и отворени комуникации внатре во тимовите, кон клиентите и партнерите.

Програмата ја отвори менаџерката Санела Везир и ја истакна благодарноста кон пристутните.

Во текот на програмата учесниците имаа можност да се информриаат за новите трендови во потрошувачките навики преку презентацијата на  менаџерките за портфолио, Даниела Уљиќ и Александра Рајиќ. Интересно одржа Индира Семаниќ  предавање насловено „Психолошка сигурност“, бизнис партнерка за човечки ресурси.

 Професорката Маја Арсланагиќ-Калајџиќ од Економскиот факултет во Сараево   зборуваше за важноста на позитивното размислување на патот до успехот, по што одржа едукативно предавање за омниканален пристап во малопродажбата, маркетингот и корисничкото искуство, кое ги интегрира сите достапни канали за комуникација и продажба за корисниците.

Конференцијата опфати и интерактивна работа за време на предавањето насловено „На работа“, кое го одржаа нашите супервизори за продажба Русмир Бакали и Ненад Топиќ. По ручекот, учесниците ја проследија презентацијата на колегите Игор Драгичевиќ, акаунт менаџер и Игор Кекиќ, менаџер за продажба за клучни  купувачи на „Mиа Бела Пателин“.

Настанот заврши со панел дискусија на која учествуваа Дијана Рајиќ, шеф на комерцијалниот оддел на „УТД Бест“, Бојан Ступар, комерцијален директор на „Корт маркет“   и Слаѓан Лијешиќ, комерцијален директор на „Маркет АС“. Разговорот го водеше Даниела Сладојевиќ, експерт за бренд од Нелт БиХ.

 Во завршното обраќање, менаџерот за продажба, Мирсад Бекташевиќ, истакна дека комуникацијата е предворје на секоја соработка.

Одличен ден, одлични гости и многу актуелни теми. Пораката за сите е да научиме да се слушаме, природата ни даде две уши, но само еден јазик, за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме, изјави Бекташевиќ, нагласувајќи ја важноста од баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, нагласувајќи дека постигнувањето хармонија помеѓу работата и приватните аспекти од животот е клучно за долгорочна среќа и успех.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нелт група“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...