Регион

Хрватска: „МХП“ ќе гради погон за производство на храна за домашни миленици

30 Aug 2024

Основачот и извршен директор на „МХП“, Јуриј Косјук, со претставниците на компанијата им ги презентираше досегашни инвестиции на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на претставниците на владата.

Тој на средбата ја потврди заинтересираноста за продолжување на инвестирањето во подигнување на капацитетите на домашното земјоделство и прехранбената индустрија.

Компанијата од 2019 година преку сопствеништвото на „Перутнина Птуј“ и „ПП Пипо Чаковец“ досега на пазарот инвестирала вкупно 44,5 милиони евра.

Оваа година компанијата ја презеде и „Тони“, која е една од водечките домашни компании од областа на откупот, сушењето и складирањето на житарици, а од следниот период во план и е изградба на нов производен погон за производство на храна за домашни миленици.

Овој производствен погон ќе се наоѓа во близина на Загреб, со него ќе управува новата компанија „МХП Пет фуд“и со работа ќе започне во 2026 година.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 40 милиони евра и се очекува да бидат отворени нови 200 работни места.

Од компанијата соопштуваат дека во првиот период се планира производство на 20.000 тони храна за домашни миленици, после што овој капацитет од 2028 година ќе биде зголемен на 35.000 тони.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „МХП“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...