Регион

Србија: „Универескпорт“ го отвори реновираниот маркет во Кикинда

09 Aug 2024

Компанијата „Универекспорт“ го отвори својот реновиран продажен објект во Кикинда кој се наоѓа на адреса Белградска бб.

Со реновирањето на овој објект се опфатени сите аспекти на реконструкција и „Универекспорт“ е подготвен да ги прими своите потрошувачи во унапредениот и модернизиран простор, соопштуваат од компанијата.

Објектот е со површина од 772 квадратни метри во кој се сместени над 8.000 артикли од различни категории. Продажниот простор е внимателно реорганизиран и сега на располагање ќе има оддели за овошје, зеленчук, млечни производи, свежо пакувано месо, мини деликатеси, деликатеси, пекарница, смрзнато овошје и ладни напитоци.

Во широкиот асортиман на артикли „Универекспорт“ ги внесува и домашните производи од сопствено производство, како што се месните деликатеси Bačka и свежото месо од нивните фарми кое за 48 часа е достапно во продавниците е без да биде смрзнато.Тука е и органското масло Organa, но и производите  Domaćinstva Vučurević. Во понудата на маркетот се и производите од приватните трговски марки на „Универекспорт“ како што се : Baš Baš, Naše najbolje и Daj Daj, кои се одликуваат со одличен однос помеѓу цената и квалитетот.

 

 

Извор: InStore

Фото: „Универекспорт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...