„Лидл“ – Словенија и оваа година ја продолжува соработката со радио станицата „Карпис“, во чии рамки секоја среда за време на „часот за сладолед“ им подарува сладолед од приватните тровски марки Gelatelli и Bon Gelati на слушателите и посетителите на радиото.
Радио станицата се наоѓа во дел од плажата „Светилник“ а по тој повод радиото го посети Ана Роблек, која што е член на корпоративниот тим на „Лидл“ – Словенија, која ја претставува компанијата во општествено одговорни проекти.
Исто така, Роблек додели донација во износ од 1.000 евра на Истражувачко – развојниот центар „Планет 47“, за деца и млади со Даунов синдром.
Администраторот на центарот, Алан Аста, по тој повод изјави дека оваа донација ќе ја искористат за организирање на настани за штитениците од Цетнарот.
После доделувањето на донацијата следуваше забава во која маскотата на „Лидл“ за здрава храна, Здравко им делеше овошје на посетителите.
Извор: Instore.si
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.