Од 1.јули стапи во сила договорот за слободна трговија помеѓу Србија и Кина, со кој се опфатени над 20.000 производи со што ќе им се овозможи на српските производители преференцијален пристап на пазарот од 1,4 милијарди жители.
Според прогнозите на економистите, договорот ќе го зголеми извозот во Кина, а српските компании ќе се приклучат во кинеските глобални синџири за снабдување.
Договорот со кој се опфатени 10. 412 српски производи и 8.930 кинески производи беше потпишан минатата година во октомври во Пекинг од страна на српскиот и кинескиок минитер за трговија, Томислав Момировиќ и Ванг Вентао, во присуство на претседателита на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Си Џипинг, пренесува „Бета“.
Извор: biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.