Во петокот на 28 јуни, „Гомекс“ ги отвори вратите на еден нов и на еден реновиран маркет.
Новиот маркет се наоѓа во Нови Сад на улицата Александар Бењак 32-38, додека реновираниот маркет е во Зрењанин на адресата Топличина 11, во населбата „Шумица“.
На влезот на маркетите има оддели за свежо овошје и зеленчук, а покрај тоа на потрошувачите во рамките на продавниците на располагање им е и пекарница.
Од компанијата соопштуваат дека во следниот период ќе продолжат со проширување на продажната мрежа и со унапредување на услугите.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.