Трговскиот синџир „Гомекс“ ја прошири својата малопродажна мрежа со отворање на два нови маркети во Нови Сад и Врбас.
Објектот во Нови Сад се наоѓа на ул. Темеринска 32, додека новата продавница во Врбас се наоѓа на ул. Његошева ББ.
Посебен акцент и во двата маркети е ставен на одделот со свежо овошје и зеленчук наречен „пазар“, кој се наоѓа веднаш на влезот во продавниците.
Дополнително, новите маркети имаат своја пекарница со секојдневно печен свеж леб и печива, соопштуваат од компанијата.
Новите продажни места ќе овозможат уште поголем број потрошувачи да уживаат во погодностите што ги нуди овој малопродажен синџир, велат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.