Регион

Хрватска: Европската комисија го одобри купувањето на „Фортенова“ од страна на Вујновац

14 Jun 2024

Европската комисија го одобри купувањето на „Фортенова“ од страна на Павло Вујновац, во согласност со регулативата на ЕУ за концентрација на капитал, што му овозможува да ја контролира групацијата со седиште во Холандија.

Имено, комисијата утврди дека ефектот од трансакцијата врз конкурентноста на пазарот на пазарите на кои работат двете компании е ограничен.

Трансакцијата беше прегледана како дел од стандардниот процес на ревизија на спојувањето. Трансакцијата главно се однесува на земјоделскиот сектор, производството на храна и дистрибуцијата на стоки за широка потрошувачка во Хрватска, Словенија и земјите кои не се членки на ЕУ на Балканот.

Релевантните трансакциски документи беа склучени од „Опан пас лимитид“ со седиште во Малта.

Да потсетиме, во декември минатата година, косопствениците на „Фортенова“ гласаа за договор за нова сопственичка структура во која важна улога имаше компанијата „Опен пас“ во сопственост на Павле Вујновац.

Веруваме во што поскоро потпишување на преостанатата трансакциска документација, брзо решавање на официјалните процедури со надлежните регулатори, но и рефинансирање на долгот по успешно склучените трансакции, што е клучниот предизвик со кој се соочува компанијата, соопшти „Опен пас“.

 

Извор: InStore.hr

Фото: Фортенова



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...