Регион

Црна Гора: Започна со работа реновираниот маркет на „Идеа“ во Никшиќ

13 Jun 2024

Компанијата „Идеа -Цг“ повторно ги отвори вратите на реновираниот маркет во населбата Драгова Лука во Никшиќ.

Објектот кој се протега на површина од 283 квадратни метри   има проширена понуда од 6.000 артикли, вклучувајќи ги и сопствената   месарница и пекара.

Според зборовите на раководителката на оваа продавница, Сања Бачовиќ, задоволството на купувачите секогаш е на првото место, а реновирањето на објектот во овој дел на Никшиќ претставува само еден од начините за грижата за своите купувачи.

Откако со најблиските соседи ја разгледавме продавницата  и им ги претставивме новитетите, имавме големо задоволство свечено да го отвориме реновираниот објект кој веќе 40 години е препознаен од потрошувачите во овој дел од Никшиќ, како место за добро купување и квалитетни услуги. Горди сме на довербата која што ја уживаме веќе со децении, а отворањето на реновираниот објект само сакаме  таа доверба да ја засилиме во следните години, изјави Бачовиќ.

 По повод отворањето на реновираната продавница, компанијата за потрошувачите подготви подароци. Првите 500 купувачи добија   подарок пакети, додека за секоја сметка над 50 евра, платен со апликацијата „Супер картичка“ потрошувачите добиваа по пет евра „кеш бек“.

 Покрај тоа, за граѓаните на населбата е отворен конкурс за најубав двор, најпродуктивен и најдобро уредена градина и овоштаник.

 

Извор: Vijesti.me

Фото: „Идеа“ - ЦГ



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...